ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Србија објавува лажни бројки за корона, ВМРО-ДПМНЕ ги користи за споредба

June 23, 2020 20:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарската екипа на БИРН во Белград објави истражување според кое српските власти ги кријат бројките за корона вирусот, и за починатите и за заразените. Претпоставките се дека на владејачката партија на Александар Вучиќ ваквата ситуација у оди во прилог затоа што Србија имаше парламентарни и локални избори пред два дена.

За да може Вучиќ да ги оргазнизира изборите беше неопходно целосно да ги укине рестриктивните мерки, но тоа резултираше со масовни собири на стадиони, музички настани, предизборни собири… затоа Србија станува големо жариште. Новинарките написи откриваат дека до први јуни починале 632 лица, а не 244 како што прикажале властите во Белград. Дополнително, последните денови постојано има од 300 до 350 нови заразени на ден, иако властите никогаш не објавиле бројка поголема од 90. Ваквото криење на вистинските бројки ќе го платат српските граѓани со своето здравје.

За да биде јавноста уште повеќе изманипулирана, вклучително и македонската, овие лажни бројки ги користи ВМРО ДПМНЕ за да прави споредба со ситуацијата во Србија. Но, едно е сигурно, кај нас ниту една бројка не е измислена, напумпана или намалена.

Од самиот почеток здравствените власти во Скопје објавуваат точни и навремени бројки, како за починатите, така и за болните. Транспарентноста на оваа влада е видлива карактеристика на владеењето, доволно е да се посочи примерот дека јавно се објавува секоја трансакција од државната каса и со тоа секој граѓанин има можност да провери во секо време како и за што се трошат јавните пари. Но, таквата транспарентност им смета во ВМРО ДПМНЕ по се изгледа затоа што нивниот принцип на дејствување е преку лажни вести и нетранспарентно трошење на народните пари, како случајот со Скопје 2014.

Дополнително, во јавните настапи ВМРО ДПМНЕ постојано ги користи бројките за корона од државите во регионот за да престави дека македонското здравство не се справува со вирусот, но сега откако се откри вистината во Србија пропаѓаат сите споредби на ВМРО ДПМНЕ со бројките кај нас.

Тоа е практично истата матрица на политичко дејствување, Вучиќ пласира лажни бројки, Мицкоски ги користи како аргумент таквите бројки. Затоа пак, Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, Кризниот штаб и сите други институции кај нас постојано пласираат точни бројки и тоа јавно го нагласуваат, дека ниту еден случај не е сокриен.

Уште повеќе може да им се верува на властите ако се знае дека единствено кај нас се прават тестови во голем обем, се тестираат и контактите на заразените, па дури и контактите на контактите, што значи бројката на ново заболените од последните денови се должи и на тоа, на масовното тестирање.

Довербата во министерот Венко Филипче, но и во целиот здравствен систем се должи не само на посветеноста и знаењето, туку и на транспарентното објавување на бројките, мерките, препораките, владините уредби… Едноставно граѓаните секој ден имаат нови, точни и проверени информации, колку и да сака опозицијата тоа да го престави поинаку.

Д.Е.

Next Post

Црна Гора го отвора последното преговарачко поглавје со ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk