Премиерот Спасовски вели дека здравјето и благосостојбата на граѓаните за СДСМ, се врвни приоритети од кои не отстапуваме, па затоа, сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности со цел да го заштитиме јавното здравје.
Тој нагласува дека кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“.
„На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација.
Спротивно на законот и спротивно на мерките и забраните, ВМРО-ДПМНЕ започнаа предвремена кампања со јавни собири на кои не се држи дистанца и не се носат заштитни маски.
Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше тератани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи. Истовремено, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не само што не реагираше туку со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните.
Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.“, напиша на Фејсбук, премиерот Оливер Спасовски.