ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Офелија Димковска: Мицкоски е продолжение на штетата што еден ментор ја остави зад себе

Мислам дека има полошо од Груевски. Tоа е Мицковски. Само од една причина. Тој е само продолжение на штетата во човечки облик, што еден ментор ја остави зад себе. Да дофасадира она што остана нефасадирано. Симболички и фактички. Бахатоста што ја покажува, никако не треба да се занемари.

June 26, 2020 17:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога пред повеќе од петнаесет години Никола Груевски почна да се појавува како име во политиката, тоа беше занемарливо, човекот беше без квалитети што отскокнуваат од просечноста.

Никој не забележуваше дека добива атрибути речиси со ништо непоткрепени, за одеднаш да стане ‘технократ’, ‘добар економист’, пред да стане премиер. Многу негови особини, спорно детство, изглед, манири на однесување, сиромашен вокабулар, незрелост, комплекси, и од друга страна, амбицијата, итрината и суровоста, можеа да укажат на она што ќе се случува кога ќе го добие она, што по ништо не го заслужува.

Напротив, дека е опасност и закана по судбината на народот, што подоцна ќе се покаже како факт. И многу години подоцна, си го поставуваме прашањето како некој толку безначаен, можеше да биде толку фатален и штетен. Често користам еден опис на Хитлер, во време кога ги прави првите чекори во освојување на власта. Го опишуваат вака: ‘Мојот прв впечаток?Безначаен. Сосема безначаен. Сиво лице, меланхолични црни очи. Како зрна суво грозје. Лик од приказните за духови. Не престануваше да зборува. Косата со брилијантин му паѓаше на лицето, додека викаше.

Го цитираше Парсифал: Ќе создадам религија! Потоа ненадејно замина. Ми се поклони како келнер што добил убав башиш…’ Баналните особини на Груевски со допирни точки во овој опис, со текот на времето само добиваа на интензитет, поткрепени од бескрајната моќ што му ја даваше функцијата. Многу текст напишав за еден човек кој направи голема штета, оној истиот, сликан во Будимпешта со кесичката Окситан, кремичиња за лице и тело.

Потполно банален лик без функцијата што му ја давала сета сила и моќ. Ми се чини многу сличен влезот на Мицковски во политиката, еден исто така банален лик, без било какви особини на лидер, но преполн со бес, комплекси, недостаток на емпатија, уште помалку симпатија за човештвото. Многу слично, политичар кој би можел да развие гнев со далекусежни последици. Битно е да се лоцира и добро да се процени. За сите оние кои сакаат да се заиграат, маргинализирајќи ја улогата на водачот на државата.

Мислам дека има полошо од Груевски. Tоа е Мицковски. Само од една причина. Тој е само продолжение на штетата во човечки облик, што еден ментор ја остави зад себе. Да дофасадира она што остана нефасадирано. Симболички и фактички. Бахатоста што ја покажува, никако не треба да се занемари.

Ниту она што е однадвор, што е неразделно со она што е одвнатре. Нему никогаш, ниту по една цена, не смее да му се даде повеќе моќ од онаа што ја има со микрофонот на бина во кампања. Дали зборува или пее, сеедно е.

Никогаш не смее да му се даде можноста да решава за судбината ниту на еден друг човек, а камоли на цел народ.

Фејсбук пост на Офелија Димковска

Next Post

Царовска: За овие 2 и пол години е направено многу за враќање на животот и амбиентот на ГТЦ

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk