Во аудио снимката која денес излезе на Јутуб, насловена Рекет-2, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најпрво вели дека бизнисменот Орце Камчев му помогнал со трошоците и долговите на партијата кога било најтешко, мислејќи на состојбата во која претходното раководство ја остави партијата.
Освен што Камчев му „подал рака“ на Мицкоски во тие моменти, опозиционерот во разговорот го спомнува случајот „Империја“ и вели „тој предмет за Јавното обвинителство не е завршен, напротив, единствен кој се бори во моментов сум јас.“
А. Н. С.