ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Судир на „идеологии“ или како се степавме за 300 илјади евра (1)

Многу членови на партијата беа ангажирани во „шарената револуција“, од кои некои, подоцна, ќе бидат судски процесирани поради своите активности против авторитарната власт на клеро-нацистичката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со нејзиниот претседател Груевски.

June 27, 2020 13:56
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ГОРДАН СТОШЕВИЌ

Не така дамнешната, 2016-та година, никој не ни можеше да претпостави дека единствената прогресивна идеја по осамостојувањето на Македонија ќе биде убиена во така краток рок. Тоа попладне на шести февруари се собравме околу стотина делегати на основачкото Собрание на партијата, на кое, на првиот Пленум на партијата, ќе поставиме темел и план за акција, како и програма на партијата за иднина.

Така, Левица го здогледа светлото на денот во плурална Македонија. Некако во очите на сите делегати можеа да се забележат решителност, самодоверба и задоволство од остварувањето на сонот и целта, конечно во земјата да се појави политички субјект заснован исклучиво на прогресивни леви идеи. Стануваше збор за групи инволвирани во самото основање на партијата, субјекти кои, пред сè, доаѓаа од граѓанскиот сектор, бројни активисти кои години наназад учествуваа во разни општествено-политички случувања во земјата. Тука, пред сè, морам да ги спомнам, левите работнички движења „Ленка“ и „Солидарност“ како едни од факторите при основањето, движења кои веќе беа етаблирани на полето на општествената акција низ борбата за работнички права.

Тука, секако, имаше и неколку граѓански организации и здруженија како „Аман“, како и членови на некогашната Комунистичка партија на Македонија, кадри чие искуство беше од големо значење при формирањето на партијата. Значи, новата партија на левиот политички спектар на Македонија собра еден голем дел од општествениот активизам кој ја обележа историјата на граѓанските протести во пост-транзициска Македонија.

Меѓутоа, на самиот почеток, претставувањето на партијата беше игнорирано од страна на mainstream медиумите, со цел таа да се покаже како небитен политички фактор, како некој на кој не може сериозно да се смета во иднина. Тоа беше во време на турбулентни случувања во земјата, во екот на тн. „шарена револуција“, граѓански протести против авторитарниот режим на владејачката, крајно десничарска партија, ВМРО-ДПНМЕ.

Владеењето на премиерот Груевски кое во голем дел е заслужно за застранување од патот на европски интеграции и реформи. Политичко раздобје во кое новата партија Левица мораше цврсто да ги позиционира своите политички ставови, како и својата идеолошка матрица. Како што веќе реков на самиот почеток, mainstream медиумите, кои се во сопственост на крупниот капитал, во голем дел го игнорираа овој нов политички субјект, па дури и во текот на изборната кампања есента 2016 година.

Така беше и покрај тоа што многу членови на партијата беа ангажирани во „шарената револуција“, од кои некои, подоцна, ќе бидат судски процесирани поради своите активности против авторитарната власт на клеро-нацистичката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со нејзиниот претседател Груевски. Како одминуваше времето и како се приближуваше терминот за одржување на предвремените избори во Македонија, политичките пресметки сè повеќе се интензивираа на политичкиот спектар, каде јасно можеше да се детектира новото прегрупирање и покрај идеолошко-политичката матрица. Сите имаа една цел, симнување од власт на партијата која систематски, повеќе од една деценија, го пљачкосуваше и го уништуваше својот народ, систем во кој цветаа митото и корупцијата, криминалот, и неконтролираното трошење на народни пари.

Секако, на овие избори својата шанса ја гледаше и новоформираната партија Левица, која уште на почетокот покажа дека нема политичка зрелост да се идентификува како сериозен политички фактор на кој може да се смета во иднина. Се покажа дека сомнежите за тоа, на неколкумина од нас, беа оправдани.

Тоа се виде веќе при внатрепартиското одлучување за излегување на избори, нешто што доведе до непремостливи разлики помеѓу членовите од највисоките раководни органи на партијата, Централниот комитет и Президиумот. Не се чекаше многу сите недостатоци да излезат на површина и да ја добиеме вистинската слика на сè она за што не се боревме.

На два месеци пред одржување на изборите, 16 октомври 2016 година, на седницата на ЦК на партијата (на која бев присутен) требаше да се одлучува за евентуална коалиција со опозицискиот блок на цело со СДС. Седницата помина во многу жолчна и напната атмосфера, проследена со нарушени меѓучовечки односи. Во тој контекст, еден од поранешните најистакнати членови на партијата, кој подоцна ќе стане советник во владата на СДС, Бранимир Јовановиќ рече:

„Влошувањето на односите меѓу двете крила во партијата, ескалацијата на вербални судири и кавги, закани и физички напади, замрзнувањето на членство во партијата и исклучувањето од партијата, како и меѓусебните обвинувања и прес-конференции на завојуваните страни и сè она што не беше убаво, беше видливо насекаде. Сето тоа предизвика голема несогледливи штети, и покажа дека новата партија не само што не е подобра од останатите партии, туку е и полоша.“

(продолжува)

Авторот на текстот, Гордан Стошевиќ, е некогашен член на партијата Левица и еден од нејзините основачи.

извор: ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025
CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk