Носителката на листа за пратеници во ИЕ 2 од СДСМ, Радмила Шекеринска, на својот профил на Фејсбук објави слика од снимање на дебатна емисија за ТВ 21 на која не се појавил нејзиниот контра кандидат Игор Дурловски, носител на листа на ДПМНЕ.
Шекеринска во постот порача Дурловски да престане да се крие зад режирани спотови, за граѓаните да проценат дали го заслужува нивниот глас и додаде дека бегањето од дебати останува одлика на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати.
Денес снимавме дебата за Тв 21 со сите носители на листи во изборната единица 5. Дурловски кој претендира да ми биде опонент не се појави.
Бегањето од дебати кога немаат аргументи останува одлика на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати. Го повикувам да престане да се крие за да проценат граѓаните кој го заслужува нивниот глас. Криење зад режирани спотови без прашања, дебата или аргументи е одлика на слабите кандидати, напиша Шекеринска во својата Фејсбук објава.
А. Н. С.