ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Многу лош предизборен викенд за опозицијата

June 29, 2020 19:36
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Можеби сето тоа има некоја „повисока“ смисла што сè уште не може да се разбере, но и по овој викенд на „аудио“ пресметки останува нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ пушта во јавноста снимки од разговори на нивниот клучен оперативец со кодно име „Кичеец 007“ од кои тие имаат само политичка штета?!

Јасно е дека овој опскурен партиски лик од платниот список на главниот финансиер на опозицијата имал задача, во класична улога на агент-провокатор, во период од неколку години, да шета наоколу, да поттикнува најразлични соговорници на разговори, тие разговори тајно да ги снима, а снимките веројатно да ги архивира во сефот на својот газда. На тој начин е правен и „Рекет“: откако не поминал обидот за поткуп, исконструиран е добар дел од аудио и видео синопсисот за „Рекет“, а така се снимани и средбите со Мицкоски (не ќе да се тоа снимки од ПИ мерки), па со којзнае уште какви не ликови како овој крајно сомнителен бизнисмен од Србија кому агентов-провокатор му се претставувал во „магионичарско“ посредничко својство за да му изнуди некоја „корисна“ снимка.

Во сите разговори, во кои се слушаат само нивните гласови, се спомнуваат пари, пари, пари… Дадени, недадени, ветени, барани, земани или вратени. Не е важно што тие делчиња од разговори се тотално конфузни, важно е во нив да се спомнат и имиња, бидејќи само така имаат валкана „политичка“ тежина за понатамошни уцени, пазарења, компромитации и персонални дисквалификации.

Она што е неспорно е постоењето на цврста врска помеѓу агентот-провокатор, лидерот на опозицијата и нивниот главен бизнисмен-финансиер. Тоа е јасно од снимките што сами меѓусебно си ги правеле (памтите, како во „Рекет“, по што ништо од снименото не можеше да се докаже), слично како што не само што никој не демантира, туку и јавно си потврдуваат дека во тој круг на политичково подземје се вртеле и значителни суми на пари.

Според тоа, како може опозицијата да си мисли дека, за потребите на својата валкана предизборна политичка пресметка, искористувањето снимки од вакви компромитирани „компањони“ можат да ѝ донесат некаква корист?! И врз соработката со НИВ да ја градат својата предизборна платформа за борба против корупцијата и криминалот во Македонија?!

Шокантна е слушнатата заложба од Мицкоски за опструкција на системските правосудни реформи во земјава, само за да се спасат од досегот на правдата ваквите финансиери-снимачи и агенти-провокатори. А вистински скандал е, кога автентичноста на таа снимена содржина е веќе објавена и потврдена, по предизборни митинзи да се спомнуваат имиња на трауматични и трагични случаи од времето на владеењето на сегашната опозиција, како „неисполнети ветувања за правда“ на оваа власт.

Таа длабока фрустрација во позициите на ВМРО-ДПМНЕ се отсликува во, веројатно, најглупавата предизборна негативна кампања што кога било е направена на овие простори: општата реакција на спотот за „наведнатите ‘рбети“ ја исправија „до небо“  духовитоста на нацијата на најнепосакуван начин за опозицијата; за госпоѓицата од спотот за заминувањето на младите од земјава се собираат донации за вадење карта во еден правец; а никому и сега не му е јасно што бараат виршлите на Заеви во наративот за „Црвенкапа“?! Вистински предизборни прикаски за успивање на најмали деца.

Многу лошо помина првиот предизборен викенд за опозицијата. Ако продолжат вака, изборите ќе ги изгубат и со поголема разлика од она што го покажуваат сегашните предизборни анкети.

Но, вистинска штета е што, заради нивните инаетења и настојувања за одлагање, изборите не се одржаа пред два-три месеци, бидејќи ќе можевме со полн политички капацитет на време да се зафатиме со справување со вируснава епидемија. А и сега не ни прават здравствена услуга со предизборните митинзи на кои барем половина од луѓето се однесуваат како да сме во 2014 година, во секоја смисла.

Ќе потрае тоа, како пандемијава.

 


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk