Министерката на одбрана и носителка на изборната листа на СДСМ за ИЕ 5, Радмила Шекеринска, сподели во пост на Фејсбук фотографии од отстранувањето на бесправно поставените градби покрај Охридското езеро и упати силна поддршка до градоначалникот за, како што пишува и самата, расчистување со езерската мафија инсталирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Му давам силна поддршка на градоначалникот на Охрид, мојот драг пријател Коста! Мора конечно да се расчисти со езерската мафија инсталирана и метастазирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ДПМНЕ кои освен профитот немаа друг интерес, напиша на Фејсбук министерката Шекеринска, споделувајќи неколку слики од отстранувањето на дивоградбите покрај Охридското езеро.
А. Н. С.