Претседателот на СДСМ и носител на листата во ИЕ 4, Зоран Заев во пост на Фејсбук објави кратко видео со кое ја промовира постојната поддршка на Владата предводена од СДСМ за земјоделството и вложувањето во руралниот развој.
Гарантираме бесплатна зелена нафта до 2024, двојно поголем поврат на персонален данок, 20% повисока поддршка за жени земјоделки и поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци. Градиме држава во која се цени трудот и сите имаме еднаква шанса, стои во видеото.
Грижата за земјоделците продолжува уште повеќе, 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој. Градиме држава во која се цени трудот на сите, напиша Заев во својот пост на Фејсбук.
А. Н. С.