Деновиве на социјалните мрежи се појавија сведоштва за масовно труење во скопската сендвичара Гранд Бургер, во кои голем број на граѓани се пожалија на висока температура, дијареа и грчеви во стомакот.
На Фејсбук постот на една од затруените граѓанки, Инес Ефремова, може да се прочитаат голем број на сведоштва во кој се потврдува масовното труење, но и се бара одговорност од надлежните и од сендвичарата.
Граѓаните изразија загриженост и незадоволство, бидејќи како што велат, од Агенцијата за храна и ветеринарство тврдат дека не примиле никаква официјална пријава, и најавуваат организација за групна тужба поткрепена со сите потребни медицински документации во кои се потврдува труењето, со цел надлежните да го расчистат овој случај во најбрз можен рок.
И.Ежова