ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АОПЗ очекува усвојување на измените на Законот за правата на малцинските заедници

Парламентот да ги усвои измените и дополнувањата на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во РСМ до крајот на годинава, а најдоцна пред распуштањето на Собранието во пресрет на предвремените избори, очекуваат од Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ)

October 29, 2019 10:31
in МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентот да ги усвои измените и дополнувањата на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во РСМ до крајот на годинава, а најдоцна пред распуштањето на Собранието во пресрет на предвремените избори, очекуваат од Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Како што истакна на денешната средба со новинарите директорот на Агенцијата, Илхан Рахман, прв термин за усвојување на измените на Законот беше октомври 2018 година, но работите се одложија поради одржување на референдумот.

– Пред три недели измените на Законот се усвоени на Владина седница, и законот е пратен во Собранието. Очекуваме наскоро да се најде на дневен ред на Собранието. Посакуваме законот да се донесе годинава, рече Рахман.

Главна цел на измените на Законот е да се подобри состојбата со имплементацијата на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализациајта на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.

– Проблеми имаме со владеењето на правото и примената на законите. Некаде на половина сме од остварување на правата кои ни ги дава Уставот, во делот на правичната застапеност. Во однос на наставата, има редовна настава на Србски, Ромски и Бошњачки јазик, но немаме доволно учебници ниту кадар, вели заменик директорот на АОПЗ Џељал Хоџиќ.

Во делот на медиумите, очекуваат проблемот со, како што посочуваат, лошите услови на редакциите на малцинските заедници во МРТВ да се реши со отворањето на четвртиот канал на националниот сервис кој ќе емитува програма на јазиците на заедниците, и со доекипирање на кадарот. Предлозите на АОПЗ за оваа област за формирање посебен фонд за поддршка на медиуми, однсно интернет портали на заедниците, велат, се влезени и во владината Предлог стратегијата за едно општество.

Измените на Законот се поставени на ЕНЕР, засновани се на досегашното искуство на АОПЗ и на меѓународните стандарди во оваа облст, а меѓу првата и втората фаза од собраниската процедура се најавуваат и јавни дебати за законот. Законот е подготвен од работна група со поддршка од ЕК преку ТАИЕКС инструментот и од ОБСЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

May 10, 2025

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

May 10, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk