ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шекеринска од Крушево: Нашиот здравствен систем е спремен за вториот бран на коронавирусот

July 2, 2020 19:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот, истакна денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Крушево.

Таа нагласи дека покажале одговорност кон здравјето на граѓаните но и брза реакција тогаш кога светот па и ние плативме голема цена поради коронавирусот.

– Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот.Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство, рече Шекеринска.

Таа посочи дека додека лекарите и медицинскиот персонал се бореа за секој живот, додека се трудеа да го зачуваат своето здравје, Мицковски со својот пример во теретани, во кафеани, поттикнувал да не се почитуваат мерките, да се потцени опасноста.

– Додека ние во кампањата строго се придржувавме и се придржуваме до сите мерки за заштита Мицковски уште на почетокот најави дека истите нема да ги почитува. Тоа се истите оние луѓе и истата онаа партија која што кога бегаше од избори постојано го користеше аргументот здравствена криза, посочи Шекеринска.

Таа рече дека кога веќе станало јасно дека изборите не можат веќе да се одлагаат, тогаш  Мицковски заборавил на се, заборавил на здравјето на граѓаните, заборавил на мерките за превенција, заборавил на секакви превентивни мерки за заштита кои можат да значат живот и здравје.

– Јасно е, ако овие луѓе вака се однесуваат во екот на најголемата светска пандемија, додека се опозиција, како ли би се однесувале кога би ја добиле некогаш власта. Не сакам на тоа ниту јас ниту граѓаните да помислат. Здравјето навистина е наш прв приоритет и тоа го покажавме и во периодот на криза, тоа ќе го покажеме и после 15 јули. Како влада уште пред кризата инвестиравме силно во јавното здравство. Инвестиравме во луѓе, инвестиравме во знаење, инвестиравме во доктори и медицински сестри, посочи Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ истакна дека јавното здравство го зајакнале со 780 нововработени лекари, со 1000 нововработени медицински сестри.

– Во изминатата година обезбедивме рекордни специјализации, рекорден број на специјализации на нашите медицински кадри. Тоа ќе продолжиме и понатаму да го правиме.Во следниот период веднаш после изборите ќе ги обезбедиме 33-те милиони евра кои ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги насочиме таму каде што се најпотребни – во одделенијата за интензивна нега. Ќе ја прошириме позитивната листа на лкекови и исто како што ги укинавме квотите за лекови кои што ги плашеа граѓаните и ги тераа да останат без лекови после 5-тти во месецот. Ќе обезбедиме трипати повеќе специјализации и ќе изградиме нови клинички центри. Целосно ќе воведеме елетронско здравство, за да го спречиме постојаното шетање на пациентите од лекар, од примарен доктор, од аптека и да го штедиме нивното време но пред се нивното здравје, потенцираше Шекеринска.

Таа посочи дека секоја година ќе инвестираат во кадрите од кои зависи нашиот живот и нашето здравје.

– Ќе го зголемуваме бројот на медицински лица но ќе ги покачуваме и нивните плати, секоја година до 10 проценти. Вкупно во текот на мандатот до 40 проценти. Младите лекари кои што се на специјализација во Скопје и се соочуваат со проблем бидеќи имаат зголемени трошоци секој месец ќе добиваат дополнителни 12 илјади денари за да обезбедат дополнителни средства за живот во главниот град. Јавното здравство има потреба од нови инвестиции. Ние тие инвестиции ги започнавме, но можеме и повеќе и подобро, заклучи Шекеринска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инаугуративна миса на папата Лав Четиринаесетти во Ватикан

May 18, 2025

Нови израелски напади на Газа, убиени над 80 лица, повеќето жени и деца

May 18, 2025

Претседателски избори во Романија и Полска: Борба помеѓу екстремно десничарски и проевропски кандидати

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk