Под мотото „Сега е време“ изборен митинг вечерва во центарот на Дебар одржа коалицијата Алијаса за Албаниците-Алтернатива.
Заеднички именител на многуте обраќања беше дека промените доаѓаат на 15 јули со заокружување на бројот 5, кои ќе се вратат достоинството на Албанците и другите граѓани, ќе се обезбеди квалитетно образование, бесплатно здравтво, подобра иднина на младите за да останат тука во родниот крај.
Обраќајќи се пред голем број граѓани, лидерот на Алијасата за Албанците Зијадин Сеља ја образложи програмата која „целосно ќе биде остварена“.
-Програмата е составена врз основа на маките и потребите на граѓаните кои непосредно ги слушавме посетувајќи ги. Се што сме запишале ќе биде остварено зашто крајно време е да почне обновата. Албанците и другите граѓани немаат повеќе туку само еден живот и истиот сакаат да го живеат каде што се и тоа достоинствено. Доколку не ги реалзираме ветувањата, казнете не по една година на локалните избори,порача меѓу другото Сеља, кој вети и повторно разгледување на монтираните политички случаи и изнесување пред лицето на правдата на сите кои згрешиле по кој било основ.
Според него кај опонетот, ДУИ веќе се чувствува нервоза зашто е свесен дека губи.