Бројот на заразените од коронавирус во светот надмина 11 милиони и сега изнесува 11.045.564, според сајтот Ворлдметерс.
Бројот на починати надмина половина милиони и сега е 525.248.
Активни случаи има 4.321.774, од кои 57.934 се во критична состојба, а благи симптоми имаа 4.263.840 лица.
Најголем број од заразените се во САД – 2.839.301 случај, каде има и најмногу починати – 131.545.
Потоа следува Бразил со 1.502.424 случаи на коронавирус и 62.045 починати.
Русија и Индија имаат над 600.000 заразени од ковид -19.
Трета во светот по бројот на починати е Велика Британија со 43.995 смртни случаи.