Вицепремиерката Мила Царовска на својот профил на Фејсбук сподели интересно видео од „Прашања и одговори“ во кое таа и министерот Дамјан Манчевски си поставуваат и одговараат на прашања поврзани со нив, но и со дигитализацијата кај нас.
Покрај опуштените и неформални прашања како „најдобри и најлоши особини“, „омилена песна во кафеана“ и изборниот плакат на вицепремиерката, Царовска и Манчевски разговараа и за дигитализацијата кај нас и каде ја гледаат државата до 2024.
Министерот најави електронски упис на деца во градинките, а покрај веќе спроведените електронска матична книга на родени и електронски рецепти, министерот рече „сѐ што е на хартија да се прави преку мобилните телефони“.
A. Н. С.