ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев во Велес: Носиме економија што нуди шанса за младинското и женското претприемништво

Тој нагласи дека обезбедуваат директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од пет до 15 илјади евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.

July 6, 2020 19:44
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и политики, се обврзуваме стапката на младинска невработеност до 2024 година да ја донесеме под 17 проценти.

Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од денес. За таа цел Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте, најави денеска од Велес претседателот на СДСМ и носител на ИЕ 4 Зоран Заев.

Тој нагласи дека обезбедуваат директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од пет до 15 илјади евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.

– Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10% веднаш. Поранешното „Македонско село“ кое е во државна сопственост, го трансформираме во „Старт-ап село“ („Start-Up Village“) кое ќе нуди физички простор за живеење и работа на млади луѓе со започнат или бизнис во подготовка. Мерката за три илјади денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму, нагласи Заев.

Ова, според него, е економски патриотизам на дело, затоа што, како што рече, денес, во 21 век, во време на динамичен развој и зголемена мобилност, вистински патриотизам е да ги задржиш младите дома, дома да создаваат и работат, дома да градат кариера, семејства и индина.

– Во 2017 кога ја презедовме важната улога да ја водиме државата, не дочека младинска невработеност од 48,6 отсто една од највисоките во Европа. Во превод, без работа беше секој втор млад човек до 29 години. Тоа за нас беше аларм за брзи и коренити промени во политиките кон младите. Започнавме со реализација на сериозни и издржани мерки и политики кој доведоа до зголемување на вработување на младите, рече Заев, додавајќи оти преку оперативниот план за активни мерки за вработување, поддршката преку Фондот за иновации и технолошки развој, поддршката за вработувања на млади, успеале значително да ја намалат младинската невработеност.

Денес, вели тој, таа изнесува 35,3 отсто и е во постојан тренд на опаѓање.

– Од друга странам, ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека не знаат економија, знаат само да земаат од граѓаните, да ги бркаат младите надвор од државата како што го правеа тоа цели 11 години. Но младите тоа нема да го дозволат. Младите ќе одберат работа, повисоки плати и европски стандарди дома. Ќе одберат напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро. Затоа што знаат дека заедно можеме, заклучи Заев./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Николовски: Оставија многу глупости на кои потрошивме време, затоа не успеавме да направиме сѐ и чесно тоа го кажуваме

НАЈНОВО

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk