Имаме право да ја бараме поддршката особено од Истокот, бидејќи ова беше изборна единица која претходно гласаше за кандидатите на Груевски, а видовме дека тие овде една чешма не направија, се грижеа само за своите џебови. Тука луѓето беа под закани, уцени и работниците и земјоделците и сите граѓани, рече носителот на листата на ИЕ 3, Љупчо Николовски од партиската трибина на СДСМ во Штип.
Затоа ние, тука покажавме дека минималната плата ќе биде повисока и за сите подеднаква, и за кожарските и за текстилните работнички, за поголеми субвенции, за многу капитални објекти, нема регионален пат што не е направен или не е обновен. Оставија многу проблеми и глупости на кои потрошивме време и енергија. Поради што не успеавме да направиме сѐ и чесно тоа го кажуваме.
Да дозволите да продолжиме понатаму, да ги вратиме младите македонци во истокот, а да ги извезуваме нашите македонски производи. До мене се Директорката Емилија Рамбабова и Др. Сашко Николов, а вие добро знаете што тие успеаја да направат како директорка и како доктор, луѓе чисти како солза, без ниедна дамка. Затоа знам, сигурен сум и немам дилема дека ќе им ја дадете поддршката и дека најголемата победа ќе дојде од Истокот, истакна Николовски претставувајќи ги кандидатите сопартијци пред пристутните граѓани во Штип.