Министерот за здравство, Венко Филипче, покрај секојдневните објави со нови и корисни информации околу коронавирусот кај нас, денес објави и позитивна статистика за рекордниот број на оздравени пациенти во еден ден, дури 230. Министерот, исто така порача да се почитуваат мерките за заштита „за да им помогнеме на нашите херои, здравствените работници во борбата со вирусот“.
Денеска имаме рекорден број на оздравени лица, 230. Искрено се радувам за секој еден оздравен пациент. Имаме и рекорден број на направени тестови, благодарение на нашата стратегија за зголемување на капацитетите на тестирање.
Да ги почитуваме мерките за заштита! Со почитување на мерките сме чекор поблиску до побрзо и полесно справување со ковид-19 вирусот. Да им помогнеме на нашите здравствените работници, нашите херои во борбата со вирусот. Да се грижиме за сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски и да дадеме личен придонес во заштита на колективното здравје. Секој од нас е важен!, напиша министерот Филипче во постот на својот профил на Фејсбук.
А. Н. С.