Најмалку 20 српски полицајци удираа со пендреци по момче кое лежи на земја на протестите во Белград. демонстрациите почнаа во текот на вчерашниот ден, 7 јули, кога Владата одлучи да го врати полицискиот час од петок до понеделник од 18 часот до 5 наутро.
Вчерашните протести ескалираа пред Собранието и РТС, а денеска продолжија. Во соседна Србија се појавија стотици видеа на кои може да се забележи полициска бруталност. Денеска протести имаше и во Нови Сад.