ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Победуваме затоа што цел демократски свет е со нас

Пред битолчани Шекеринска ги издвои успесите на македонската влада постигнати во овие 2,5 години во различни сфери со меѓународен, национален и локален акцент, како и за успешната борба на јавното здравство против епидемијата со која се соочува и светот.

July 12, 2020 23:01
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На три дена пред гласање, бројот три победува, а победуваме затоа што цел демократски свет е со нас, истакна лидерот на владејачката партија Зоран Заев на завршниот предизборен митинг во Битола.

Горди сме, додаде тој, што како земја имаме можност да учествуваме во делењето на мирот во светот, гордост со цел демократски свет, како признаена држава од цел демократски свет.

-Македонскиот народ и македонскиот јазик се признати од цел демократски свет и горди треба да сме сите што ја заштивме македонштината и со помалите етнички заедници кое се заедно со нас. Испишавме историја со која ќе се гордееме, го остваривме сонот, аманетот на нашите претци. Покажавме дека можеме, докажавме дека можеме и тоа е најсилниот аргумент на овие избори. Бараме поддршка затоа што сите сакаме и имаме право европски да живееме, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.

На граѓанскиот собир во археолошкиот локалитет Хераклеа, првиот човек на коалицијата „Можеме“ Зоран Заев рече дека кампањата завршува во Битола затоа што крајот го краси делото.

-Битола е нашата гордост, Битола е нашиот симбол, Битола е репер каде како треба и се движи нашата татковина Република Северна Македонија. Бараме поддршка затоа што знаеме дека се што направивме во овие три години е вредно за внимание и за поддршка, затоа што се големи заедничките успеси и затоа што заедно можеме три пати повеќе, три пати подобро…нашите дострели се големи затоа што знаеме колкав капацитет има нашата татковина, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Хераклеа е магична локација, древна населба која минала низ подеми и падови, низ проблеми и решенија, место кое ни праќа историска лекција, а таа е – немој да дозволиш грешка, немој да пропушташ шанса, нагласи на неколку часа пред изборниот молк заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и додаде дека на 15 јули не смее да се дозволи грешка бидејќи државата е на вистинскиот пат.
Пред битолчани Шекеринска ги издвои успесите на македонската влада постигнати во овие 2,5 години во различни сфери со меѓународен, национален и локален акцент, како и за успешната борба на јавното здравство против епидемијата со која се соочува и светот.

-Покажавме дека на јавното здравство можеме да му веруваме и дека во најтешката криза да се потпреме на него бидејќи инвестиравме во медицински персонал, инвестиравме во болници, а во Битола овозможивме овој град да биде втор во државата што ќе има лабараторија со која ќе се справуваме со епидемијата. На јавното здравство денес можеме да му честитаме и да се поклониме затоа што кога беше најтешко тоа беше најдобро и затоа од Битола испраќаме аплауз за сите здравствени работници што дежураат низ цела држава и не штитат и го чуваат тоа што е највредно, животот и здравјето, нагласи Шекеринска.

Рече дека во оваа кампања зборот ЌЕ го замениле со зборот ВЕЌЕ, „затоа што нашето ЌЕ тежи повеќе, затоа што веќе сме членка на НАТО и затоа што веќе преговараме со ЕУ“.

-Покажавме дека зборот е збор, и затоа кога ќе кажам денес бараме 4 годишен чист мандат за да обезбедиме ред и правда и за да повторно ја заштиме државата од ковид-епидемијата, знам дека верувате, затоа што резултатите веќе можевте да ги видите. Со нас членството во ЕУ е достижно и реално за 6 години, а со нив – никогаш. За овие работи гласаме на 15 јули, за прашањата кои што ќе ја диктираат и ќе ја напишат историјата на нашите деца. Во изминативе 2,5 години секој пат кога имаше проблем, нив ги немаше. Секој пат кога беше потребно решение нив ги немаше, секогаш кога требаше дуел или соочување, и тогаш ги немаше. Нив ги нема при проблеми, ги нема при донесување одлука, ги нема на дуел и затоа на 15 јули ве повикувам за нив гласови да нема, истакна Шекеринска и ги повика битолчани масовно да гласаат и да го заокружат бројот три.

На вечерашниот предизборен собир на коалицијата „Можеме“ за програмските цело говореа и кандидатите за пратеници од Битола Бисера Костадиновска Стојчевска и Горан Козаров.

Next Post

Две сообраќајки за неполни два часа кај Штип, има повредени

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk