За неполни два часа на патот Штип-Радовиш вечерва се случиле две сообраќајни несреќи. Во првата учествувале две возила и повредени се 13 луѓе од кои 11 мигранти од Пакистан и двајца македонски државјани.
Сите се хоспитализирани во штипската болница и се надвор од животозагрозувачка состојба.
Во втората сообраќајна незгода што се случила околу 21:30 часот учествувале три возила.
Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека втората несреќа се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен и според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.
Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.