ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Остануваат уште околу 4.000 субвенции за инвертери, најмногу апликации од Кисела Вода

July 13, 2020 13:24
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатите 10 дена поднесени се 1.006 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 барања. Според досегашните бројки, следната зима во Скопје би требало да има околу 1.000 домаќинства кои ќе го сменат начинот на греење, или кажано поинаку, ќе имаме околу 1.000 потенцијални загадувачи помалку од претходната грејна сезона. Ова значително ќе го подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух, известуваат од Град Скопје.

Досега по општини аплицирале: Кисела Вода 200, Ѓорче Петров 166, Гази Баба 136, Бутел 118, Карпош 105, Аеродром 98, Чаир 87, Центар 63, Шуто Оризари 23 и Сарај 10 граѓани.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Град Скопје ги потсетува граѓаните  од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување  субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат  онлајн.

Согласно со условите, на овој јавен повик може да аплицираат сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот.

Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот.

Новитет на овој јавен повик е условот граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на  мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена.

Доделувањето на субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата е дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

Во многубројните истражувања коишто се направени за испитување на  квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Инвертерите за разлика од печките на дрва, јаглен, нафта и мазут, се економични, еколошки, не користат фосилни горива, не го загадуваат воздухот, а создаваат конфорт и удобност во домовите.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк  https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Ј. Ѓ.

Next Post

По првпат во Албанија троцифрена бројка новозаразени со Ковид-19

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk