Во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, бројката на оздравени пациенти е 4.565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572.