Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден случај на заболен од Ковид-19, а седум лица оздравеле од заразната болест.
Како последица на коронавирусот, едно лице почина.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 56. Од нив, 39 лица се наоѓаат на домашно, а 17 на болничко лекување.





