Советот на Европската унија усвои нова ревидирана листа на земји на чии државјани им е дозволен влез во земјите на ЕУ, а на неа ја нема Северна Македонија. Се работи држави за кои од 16 јули се препорачува укинување на рестрикциите за патувања во ЕУ.
На листата се 13 земји од претходниот список, а Србија и Црна Гора веќе не се на оваа листа.
Државите членки на ЕУ од 16 јули постепено треба да ги укинуваат ограничувањата за патувања за жителите на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, која пак е подложна и на услов за реципроцитет за патувања на граѓани на ЕУ на нејзина територија.