ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Понудено решение за примена на Законот за отпис на камати за неплатени сметки

Правно формално службите понудија решение за да може да се спроведе самиот закон. Верувам дека следната недела веќе врз основа на изнајденото правно решение Управниот и Надзорниот одбор на ЕСМ ќе ја донесе одлуката, Владата мора да ја потврди, за да може да влезе во имплементација самиот закон. Се работи за повеќе од 300.000 семејства со долг од над 110 милиони евра  што потекнува од 2005 година наназад, посочи Заев

October 31, 2019 15:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Понудено е правно решение за да се одблокира примената на Законот за отпишување камати за наплата на стари долгови кои произлегуваат од услугите за вршење на комунални дејности. Откако одлуката ќе ја потврдат Управниот и надзорниот одбор на ЕСМ Владата ќе треба да ја потврди за да може да стартува примената, информира премиерот Зоран Заев, пренесува МИА.

Одговарајќи на прашање од пратеникот Панчо Минов на денешната седница на Собранието Заев рече дека вчера одржал состанок со директорот на ЕВН  и оти денеска се одржува состанок меѓу директорите на ЕСМ и ЕВН со цел да се одблокира процесот.

– Правно формално службите понудија решение за да може да се спроведе самиот закон. Верувам дека следната недела веќе врз основа на изнајденото правно решение Управниот и Надзорниот одбор на ЕСМ ќе ја донесе одлуката, Владата мора да ја потврди, за да може да влезе во имплементација самиот закон. Се работи за повеќе од 300.000 семејства со долг од над 110 милиони евра  што потекнува од 2005 година наназад, посочи Заев.

Како што потенцираше Минов, законот е во интерес на голем број граѓани поради проблемите што ги имаат со извршните постапки.

Собрaнието во ноември лани го донесе Законот за отпишување камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, поднесен од пратениците и од опозицијата и од владејачките партии. Законот обезбедува отпис на затезната односно казнената камата, што се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот. Предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата. Отпис на долговите, согласно со законот, се врши врз доброволна основа од страна на доверителот. Доверителите, кои се во приватна сопственост, доброволно одлучуваат преку своите органи на управување, за едностран опис на побарувањата по основ на наплатата на затезната, односно казнената камата на главниот долг од должниците физички лица кои стекнале право на отпис на камата согласно член 3 од овој закон.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Владата да одговори дали е спремна да разговара за примање мигранти во нашата земја?

May 19, 2025

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните – модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

May 19, 2025

Поскапуваат горивата

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk