ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Лешај: Фронталната војна против канабисот до темел ги уништи сите насади со канабис во земјата

July 19, 2020 17:12
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај изјави дека фронталната војна против канабисот до темел ги уништила сите насади со канабис во земјата, од нарко центарот Лазарат, па се до најстрмните планиски предели.

Според него, фронталната ангажираност на полицијата и другите државни институции направиле канабисот во Албанија да биде алтернатива без иднина.

-Во 2019 година, на италијанскиот брег беше запленета најниската историска количина канабис. Сите показатели за нивото на безбедност во земјата и резултатите во борбата против криминалот, вклучително и канабисот, се на најдобро историско ниво. Ништо не може да се спореди со времето кога со земјата владееше лазаратопатија, рече тој.

Неговата реакција доаѓа по обвинувањата на опозициската Демократска партија за зголеменото производство на марихуана во земјата,при што објавува и фотографии од парцели со ова наркотично растение во планинските предели од неколку места во земјата, а така е, обвинува, низ целата територија на земјата.

-Фотографиите не се само фијаско од аспект на информирање, туку и уште една потврда дека ДП не е заинтересирана за вистината, туку за дезинформирање на јавноста.Кога Демократската партија зборува за канабис, дефиницијата за лицемерие станува самата ПД. Гордите основачи и бескрупулозните корисници на европската престолнина на канабисот, Лазарат, најмалку имаат право да покажуваат со прст кон некој друг, рече Лешај.

Споредбата на сегашната состојба со времето на владата на ПД, продолжи Лешај, има толку големи разлики што самата споредба личи на злоупотреба.

Опозициските демократи обвинуваат дека „целата територија на државата мириса на марихуана“.

-Албанија веќе две години е целосно засадена со дрога, но полицијата се прави дека не гледа, дека слуша, за да не ги вознемири нарко босовите кои се во партнерство со владата,обвини опозицијата.

И во деновиве објавениот извештај на Италијанскиот сектор за борба против мафијата Албанија се посочува како светски производител на марихуана.

Next Post

ОВР Кичево поднесе кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал од компјутер

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk