Главната реторика на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на овие парламентарни избори беше дека СДСМ ги продаде македонските национални интереси, името на државата и идентитетот- за наводен “криминал”.
Главното ветување на опозицијата беше дека ако се врати на влас, ќе го разгледа Преспанскиот договор со цел враќање на старото име на државата. На минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ доби 51 пратеник со слична реторика, иако не беше децидна тема Преспанскиот договор. На овие избори со конкретното противење на договорот кој и донесе перспектива на државата и на општеството, ВМРО-ДПМНЕ доби 44 пратеници или два пратеника помалку од СДСМ.
Друга тема на раскол меѓу партиите беше борбата за правда. На оваа тема изгуби и ВМРО-ДПМНЕ а темата имаше влијание и во албанскиот блок на политички партии. ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше за криминал а на избори учествуваше со кандидати кои имале проблем со законот, како Дурловски, и со нерасчистено минато од времето кога тие беа на власт.
Но, оваа тема имаше влијание и на албанскиот блок. Иако ДУИ победи и доби 15 пратеници, сепак бројките покажуваат дека расположението не е исто како во минатото. На овие избори Алијансата за Албанците и Алтернатива настапија со програмата “држава за сите” а главна реторика беше правдата и правна држава. По речиси десет години една албанска опозициска коалиција или листа доби толку многу пратеници и разликата меѓу нив и ДУИ е само три пратеници. Ако ги собереме сите глаасови на албанците, дадени и за коалицијата СДСМ-Беса и за ДПА, и за опозициската коалиција, ДУИ пак добила помалку, а поголем е и бројот на пратеници албанци кои се избрани од другите листи, во споредба со оние на ДУИ (18:15).
За прв пат оваа партија е сериозно загрозена и ќе се соочи со силна опозиција и од внатре во владината коалиција (5 пратеници од СДСМ и Беса), а особено од надвор, од 12 пратеници на Алијансата и Алтернатива.
Арбен Зеќири