ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Новите“ реформски и статутарни промени во ВМРО-ДПМНЕ се три години стари, уште еден обид на Мицкоски да остане на партискиот трон

July 23, 2020 15:34
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Пред три години, поточно на 16 јули 2017 година, ЦИВИЛ објави документ со план и содржина за коренити реформи на најголемата опозициска партија во земјава. Во текстот е поместен и линк до целосната верзија на предлогот од кој произлегува и органограмот на партијата во услови кога таа навистина би се реформирала.

Реформите на оваа партија ѝ се потребни од многу причини, а особено за да расчисти со своето доскорешно минато или груевизмот, како што се вели. Наместо тоа, Мицкоски направи само неколку козметички зафати, тврдејќи дека се реформираат, но во суштина, се користат со документи стари три години кои сегашното раководство очигледно има намера да ги искористи во своја корист, со единствена цел, да се задржи на кормилото на оваа партија во која, наспроти милионскиот долг (8 милиони евра), на „чудесен“ начин покажува дека е пожелна политичка дестинација со многу пари и пребогати спонзори.

За што се работи? Новиот органограм на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да отсликува вистински демократска структура и постапки на одлучување и избирање на раководни органи, можеше да биде прифатен и применет далеку порано, поточно, го имаа в раце во 2017 година. Но, тогаш беше опасно за кликата на Никола Груевски на чело на партијата да дојде структура што ќе го осуди неговото криминално и диктаторско владеење, а секако и ќе соработуваше со институциите во неговото приведување пред лицето на правдата.

Наместо тоа, партијата, а со тоа и целата земја, доби само привидно детронизирање на Груевски на партискиот конгрес во Валандово, кога на чело на партијата беше (буквално) донесен Христијан Мицкоски. Во тоа време, се говореше дека делегатите на конгресот биле изманипулирани и биле оставени без избор. Едноставно, изборот на Мицкоски беше на Груевски, а не на партиското членство. И во историјатот на веб страницата на партијата пишува:

22 и 23 декември – Одржан е Седумнаесетти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово . Конгресот беше вонреден заради оставката на дотогашниот претседател Никола Груевски и изборот за нов претседател на партијата. Единствен кандидат беше дотогашниот  Генерален Секретар Христијан Мицкоски, кој ја доби довербата од мнозинството делегати на конгресот и стана третиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.  После конгресот избрано беше и ново раководство на партијата.

Ни најмалку не е наивно доцнењето на реформите за кои планот го имаа на маса уште пред три години и можеа да го спроведат во божемните промени што ги воведоа пред две години.

Познавачите на функционирањето на македонските партии во земјава ќе разберат дека, во случајот со ВМРО-ДПМНЕ, одложеното дејство на изборот на органи на локално ниво за 2022 година, што значи по конгресот на партијата, претставуа карикатура од реформи. Значи, „зборуваме за реформи денеска, но ќе ги спроведеме за две години“. Во случајот со документот со кој располага ЦИВИЛ, ќе се направат дури пет години по добивањето на добро елаборираниот план за промени во структурата и начинот на функционирање и политичко дејствување.

Со други зборови, промените не се нови, а начинот на кој се носат, не се ништо друго освен манипулација со членството на партијата. Со сегашниот божем нов систем со одложено дејство, Мицкоски, со поддршка од нему лојалните (кои се сè помалку на број) во врвот на партијата, сака да добие уште еден мандат и дури потоа да ја „реформира“ партијата. Со тоа, нема да направи ништо освен злоупотреба на сегашните тела на партијата, да ги зајакне своите позиции на тронот и да го обезбеди за уште најмалку еден мандат потоа.

Добар му е планот на Мицкоски и нему лојалните. Користат добар предлог-план за демократски внатрепартиски промени кој не е нивен, понуден пред три години, а според кој Мицкоски не би можел да остане на чело на партијата. Со добар план против него, Мицкоски итро си поигрува и го претвора во план во своја корист. Сепак, наивно, бидејќи планот е објавен и постои во онлајн архивите и тоа токму на ЦИВИЛ. Притоа, освен своите членови, Мицкоски ја манипулира и македонската јавност која можеби се понадева дека во партијата конечно нешто и ќе почне да се менува. Бидејќи, демократски промени во партиите значат и придонес кон демократизација на општеството воопшто. Но, ништо од тоа.

Мицкоски успеа уште еднаш да ги пренесе жедни преку вода сите членови, а особено оние што имаат добро разработен план за негово детронизирање во левата рака, додека со десната се поздравуваат со него, интимно, без ракавици и без почитување на мерките за заштита од коронавирусот и од автократијата.

https://civilmedia.mk/dokumnt-za-problmit-i-rschniata-vo-vmro-dpmnje/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk