Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, бидејќи имаат сознанија дека работел спротивно на законите и јавниот интерес, пренесе А1он.
Антикорупционерите се повикаа на ревизорски извештаи за финансиското работење на општината каде биле нотирани голем број нерегуларности.
Комисијата ќе ги бара од ДЗР сите извештаи за работењето на општината во последниве 5 години.