ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата решително против загадувачите

Тимови од надлежните инспекторати од централната и локалната власта, засилени со полицијата, ќе ги зајакнат контролите и санкциите за да запре трендот на загадување на воздухот и животната средина.

November 1, 2019 18:14
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе има силна и жестока реакција на надлежните институции доколку не се почитуваат законските одредби и активните мерки за спречување и заштита од аерозагадувањето, е заклучокот од денешниот работен и координативен состанок на претставници на сите инспекторати и на претставниците на Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и на претставници на инспекторските служби на локалните самоуправи за преземање и координирање на активностите за борба и спречување на аерозагадувањето, соопшти прес службата на Владата.

„Се договоривме сите инспекторати, соодветно на своите надлежности да ги зајакнат максимално контролите на сите што загадуваат или што имаат потенцијал да загадуваат, и, заедно со локалната самоуправа, односно со општинските инспекторати за животна средина да формираат заеднички тимови и во секој од тие тимови да има полициски службеник. Овие тимови имаат задача во наредниот период секојдневно и континуирано и ригорозно да ги спроведуваат контролите во сите градови во државата, со цел да биде запрен трендот на загадување на воздухот, на палење на шуми, на палење на отпад, на депонирање на отпад и палење на диви депонии. Целиот процес ќе се координира од Канцеларијата на Претседателот на Владата каде што секој ден ќе се слеваат извештаи за состојбите и за резултатите од мерките што биле преземени, и ќе се координираат сите итни и идни мерки во зависност од развојот на ситуацијата на теренот“, истакна во изјавата за медиумите министерот Оливер Спасовски, кој претседаваше со работата на денешниот координативен состанок за борба против загадувањето на воздухот, и додаде дека освен краткорочните мерки и засилени контроли на инспекторите, продолжува и спроведувањето на долгорочните мерки, како што се гасификацијата, пристапот и приклучувањето дотопловодните системи за греење, замената на греењето со фосилни горива со клима инвертери со програма за субвенционирање на оваа, како и на други мерки како што е субвенционирањето на вградување на плински уреди во моторните возила.

На работниот координативен состанок на претставници на сите инспекторати и на претставниците на министерствата во Владата надлежни за овие прашања, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, соодветно на алармантноста на состојбите со загадување на воздухот и со неодговорното палење на огновите побара итно мобилизирање на сите надлежни државни инспекторати, пред сѐ на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за земјоделство и шумарство и Државниот инспекторат за градежништво, и интензивирање на меѓуресорската соработка и комуникација и обезбедување на 24 часовна покриеност  на инспекторирањето, преку воведување на дежурства и спроведување на вонредни контроли за проверки на  исправноста и функционирањето на филтрите во големите економски оператори.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во насока на ефикасно спроведување на мерките, на состанокот истакна дека во доменот на надлежности уредени со законите за ловство, за земјоделско земјиште и за шуми, како и во делот на палењето на стрништа и шуми, што исто така влијае врз загадувањето на воздухот, ќе бидат засилени инспекторските контроли на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) и на Државниот инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ), како и на Шумската полиција

Од ДИЗ досега се поднесени 27 казни на лице место и 3 прекршочни пријави, ДИШЛ има поднесено 6 кривични пријави, а Шумската полиција има поднесено 23 барања за поведување на прекршочни постапки и согласно законот за шуми ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра.

Министерот Димковски информираше дека дел од општините веќе започнуваат кампања за бесплатно подигање на стрништата, и апелираше сите општини да се вклучат во тоа, а земјоделците да не ги палат стрништата.

Next Post

Твит: Кој е најдобар проект на ДПМНЕ против загадувањето?

НАЈНОВО

Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025
Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk