ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Состојба со Ковид-19 во светот: Бројот на заразени достигна 16 милиони

Пред само четири дена, во светот имаше милион помалку заразени лица. Најзаразени се уште се САД со 4,2 милиони, Бразил со 2,3 милиона и Индија со 1,3 милиона.

July 25, 2020 19:36
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени  16.056.133 лица. Од нив починале 644.872,  а оздравеле 9.819.403 лица.

– Бројот на заразени со коорнавирусот денеска во светот надмина 16 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“. Пред само четири дена, во светот имаше милион помалку заразени лица. Најзаразени се уште се САД со 4,2 милиони, Бразил со 2,3 милиона и Индија со 1,3 милиона.

– Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 124 нови случаи на инфекцијата. По четврти пат неделава, бројот на заразени е троцифрен. Во изминатите 24 часа едно лице умрело, со што вкупнио број достигна 712.

-Во изминатите 24 години во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на коронавирус, а пет пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Во моментов во земјата се активни 881 случаи, јавуваат хрватските медиуми. Од почетокот на епидемијата во Хрватска потврдени се 4.792 случаи на коронавирус, 133 лица умреле, а 3.788 лица заздравиле.

-Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти дека се регистрирани шест нови случаи на Ковид-19 од 1.682 извршени тестови, со што се зголеми бројот на заразени на 1.053.

– Во Грција се регистрирани 31 нови случаи на Ковид-19 од кои осум се од тестовите извршени на влезните места во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.166 лица.

-Во текот на изминатиот ден во Косово се регистрирани пет смртни случаи, 237 нови случаи и 139 пациенти третирани со Ковид-19. Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, досега се потврдени 6.917 заразени со новиот коронавирус во земјата, од кои 169 умреле, додека 3.753 се излечиле.

– Во последните 24 часа во Србија се потврдени 411 нови случаи на коронавирус, добиени од  9.349 тестирани примероци, а осум лица умреа, објави веб-страницата „Ковид-19“. Во моментов има 170 пациенти на респиратори.

Вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата сега е 23.263, а вкупно умреа 526 лица.

–  Според албанското Министерство за здравство и социјална заштита во земјата е регистриран скок на бројот на заразени, а сериозна станува и заканата за потребата на голем број пациенти од болнички третман.

Со последните регистрирани 67 нови случаи, вкупниот број е 4.637, закрепнати се 2.637, а 124 умрени.

– Во последните 24 часа се потврдени 82 нови случаи на коронавирус во Црна Гора од 561 тестирани примероци, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Не се пријавени смртни случаи од Ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 34./МИА/

Next Post

Што видовме за седуммесечното шерифување на Чулев

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk