ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Онлајн дебата за економската соработка на Западен Балкан

July 27, 2020 08:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на средбата на лидерите од земјите од шест земји од Западниот Балкан в среда посветена на регионалната економска соработка, денеска ќе биде организрана онлајн дебата на која говорници ќе бидат извршниот потпретседател на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон и заменик претседавачот на Групата Олбрајт Стоунбриџ, Џим О’Брајан.

Во рамки на дискусијата Вилсон и О’Брајан ќе говараат за важноста на економската соработка на Западниот Балкан.

На самитот в среда, чиј организатор е Атлатскиот совет, е најавено учество на претставници на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Според Атлантскиот совет, целта на самитот е постигнување на договор за економска соработка со цел забрзување на закрепнувањето од разорните последици на Ковид-19, преку поттикнување на можностите за економски развој.

– Договорот ќе биде заложба за смели, практични активности што ќе генерираат економска активност преку извршување на слободно движење на стоки, лица и услуги преку границите на регионот. Тој, исто така, ќе биде основа за привлекување странски инвестиции и забрзување на распоредувањето на средствата од фондовите за помош за справување со Ковид-19, информира Атлантскиот совет.

Последниот случај за кој ни раскажаа од надлежните домашни институции е од пред неколку дена, кога на ГП Богородица при влез во државава возач на камион, наш државјанин кој товарел стока во Турција, на царинските службеници им пријавил сомнеж дека во приколката има луѓе. Царинските службеници најпрофесионално постапиле во случајот, а по симнување на пломбата констатирале дека во приколката има седум мигранти и во координација со полициските служби на ГП Богородица го предале предметот во нивна надлежност. Возачот на камионот по спроведената истрага е ослободен да го продолжи патувањето бидејќи се докажало дека мигрантите илегално биле уфрлени во неговата приколка, односно дека тој нема вина. Но таков среќен крај немаат сите вакви случаи, покажуваат искуствата на транспортните асоцијации на нашите превозници.

Билјана Муратовска, генерална секретарка на Асоцијацијата на камионски транспоретри Макам-транс, за МИА појасни дека возачите вршејќи го превозот на стока мора да ги почитуваат и правилата на Европскиот договор за работа на екипажот на возилата во меѓународниот патен транспорт (АЕТР) за работно време, време на возење и задолжителни дневни и неделни одмори. Со тоа, укажува, стануваат лесна цел на криминогени структури, кои им помагаат на мигрантите да се качат во товарниот простор на возилата или ги качуваат уште и при товарењето на стоката на местото за товарење.

Возачите користат платени паркинг-плацеви таму каде што ги има, но и простори на бензински станици направени за таа намена. На целиот транспортен коридор, укажува, не постојат безбедни простори за паркинг на товарни моторни возила.

– Со овој чин му се нанесува огромна штета на превозникот и тоа со оштетување на царинска сајла, сечење церада, но и со уништување на дел од стоката што ја превезуваат и честопати таа во целост или делумно не се прима на местото на истоварување ( храна, медицински препарати и сл.). Превозниците кои имаат ЦМР-осигурување наидуваат на проблем кај осигурителните компании, кои самите си толкуваат дека оштетена стока со влез на мигранти во товарниот простор не може да се третира како одговорност на превозникот, заборавајќи ги притоа основните правила на ЦМР-конвенцијата (Договор за меѓународен патен превоз) и Законот за договорите за превозот во патниот сообраќај, каде што јасно е наведено дека за стоката е одговорен превозникот од моментот на преземање на стоката, па сè до нејзино истоварување во местото за прием на стоката, без разлика на причината за нанесената штета, освен ако се работи за груба небрежност на возачот, изјави Муратовска.

Next Post

Опожарени десет пати повеќе шуми, пошумувањето три пати намалено

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk