Фејсбук групата Охриѓани.мк објави фотографии и видеа од соостојбата на патиштата во Охрид кои водат кој плажите.
Поради забраната за патување во странство заради коронавирусот, Охрид е прполн со туристи, барем така беше изминатата недела. Туристичките и угостителски работници веќе објави дека хотелските капацитети се исполнети до 10 август, а истата состојба е и во Дојран.
Граѓани до редакцијата на Фронтлајн испратија фотографии на кои се забележува дека и навечер е гужва на шеталиштето од Пистаниште до Билјанини извори, како и низ чаршијата. Дел од граѓаните почитуваат мерки за заштита од ковид-19, но голем дел не носат маски.
Шпицот на сезоната вообичаено е за викендот на празникот Илинден, кога посетеноста на Охрид бележи максимум. Забележана е зголемена заинтересираност за сместување кај приватните станоиздавачи, но за периодот после 20 јули, и некаде до после илинденските празници, кога посетеноста постепено опаѓа.
Туристичките работници најавија дека оваа година ќе биде најслаба со оглед на откажаните чартер-летови и аранжмани од странските гости, но сепак, македонските туристи секојднвено го полнат градот.
Самите хотелиери веќе не очекуваат оваа сезона да има странски гости што би дошле преку организирани патувања, додека за домашните исто со оценка дека ваучерите што ги додели државата како помош ќе бидат искористени за сместување во приватно сместување или во сместувачки капацитети од пониските категории. Потврда на тоа е и многу слабата заинтересираност на гости за сместувачките капацитети од повисока категорија, каде и цените се повисоки.
И.З.