ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално и тенденциозно етикетира медиуми

July 28, 2020 15:52
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), денеска преку соопштение информира дека во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, наведуваат, имале присутен адвокат кој ја следел судската постапка, во која Судот пресудил во прв степен во корист на медиумот.

Со цел поблиску запознавање со состојбата, ЗНМ беше во контакт со менаџментот и новинарите на ТВ Телма која беше еден од засегнатите медиуми против кои беше покрената прекршочна пријава, но и со менаџментот на АВМУ, а во текот на вчерашниот ден, од таму беше доставена информација со повеќе детали.

-Следејќи ги и официјалните јавно достапни записници за работата на Советот на АВМУ, цениме дека директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски на 27-та седница на Советот, одржана на 15.07.2020 во дел од своите образложенија за покренување на прекршочни пријави против ТВ Телма и Алсат М, се обидел да влијае на советниците да донесат одлука на штета на медиумите користејќи лични квалификации и констатации, без да приложи докази. Тој според записникот, прераскажува телефонски разговори кои ги имал со менаџментот и новинари на двете телевизии, што е невообичаен начин на комуникација и притоа дава негови субјективни квалификации. Со тоа негативно влијае врз имиџот на овие новинари и уредници, што е недозволиво за прв човек на една регулаторна агенција, наведуваат од ЗНМ.

Понатаму, се додава, тој укажувал дека имал пријава од директор на една од петте телевизии (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат М или ТВ Алфа), без да посочи од која телевизија и вели дека врз тој директор „бил вршен жесток притисок од страна на владејачка партија да биде објавена прес-конференција на министерот Филипче зошто наводно тоа ќе донело големи политички поени“. Трајчевски, се посочува во соопштението, во записникот додава дека „таа телевизија го одбила барањето како што направиле 115 медиуми во нашата држава, освен овие два медиуми (Телма и Алсат) кои што сакаат да се прикажат себеси професионални, а Агенцијата дека работи тенденциозно против јавниот интерес“.

На барањето на ЗНМ да им бидат дадени на увид докази кои сведочат за таков тип на притисок, од АВМУ, се посочува, им укажале дека за наводниот притисок кон споменатиот директор на национална телевизија биле известени Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Потенцираме дека вршење притисок врз медиум е сериозно дело, и наместо да ја прераскажува таа пријава од директор на една телевизија, на седница на Советот, директорот Трајчевски требал да ги приложи доказите до советот, а АВМУ да се обрати до надлежните институции и органите на прогонот да поведат соодветна постапка. Постапување на овој начин, со лично етикетирање медиуми и нивната професионалност во политички контекст, сето тоа без приложени докази, е непрофесионално и тенденциозно од страна на директорот на АВМУ, во случајов на штета на ТВ Телма и Алсат М, подвлекуваат од ЗНМ.

Next Post

СЗО: Нема знаци дека Ковид-19 е сезонска болест

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk