ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Панчевски распределувал предмети рачно, Апелација му го одби барањето, на 4 август ново рочиште во велешкот суд

July 28, 2020 17:42
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелацискиот суд Скопје го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје.

На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци, службеници од Основниот Кривичен суд Скопје.

Една од службеничките сведочеше дека во 2016 година два предмети со звучни имиња од СЈО ги однела кај претседателот на судот Панчевски, а тој ги распределил кај судијките Татјана Михајлова и Лидија Петровска.

На прашање на Панчевски до сведокот дали тој имал влијание врз распределбата на други предмети освен оние два од СЈО, за кои имало одлука, сведокот изјави дека не се сеќава за други предмети освен за оние од СЈО.

На прашање зошто дел од предметите биле делени рачно, сведокот одговори дека тоа било така, за да се избалансираат работите да не се повторува одредени судии да имаат по пет – шест предмети, а кај некои само еден. Или, како што додаде, за да се избегне одредени судии да имаат судења само со еден обвинет, а кај другите да има предмети со повеќе обвинети.

Сведоците од информатичкиот АКМИС –  систем за електронска распределба на предметите, на судењето изјавија дека имало недостатоци на системот, а кои постепено во годините потоа биле отстранувани. Тие посочија дека  за  тие недостатоци на АКМИС системот тие постојано укажувале во Врховниот суд и на Работното тело на Основниот Кривичен суд кое било задолжено да следи АКМИС системот.

Претседателката на Основен суд Велес, Лидија Димова денеска донела решение со коешто го одбила барањето на двајцата адвокати на Владимир Панчевски  за иземање на судијката Валентина Ѓорѓиева  како судечки судија во процесот.

Адвокатите на Панчевски на денешното рочиште побараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се брани од слобода.

Како аргумент го посочија документот од Агенцијата за вработување во Скопје, во кој, според нив, пишува дека Владимир Панчевски е во работен однос, па според тоа, тој како судија има имунитет.

Како што потенцира адвокатот Петро Јамура тоа значи дека обвинетиот Владимир Панчевски е сè уште судија во Основен Кривичен суд и има право на имунитет и побара укинување на мерката притвор.

Следното судско рочиште е закажано на 4 август, кога исказ пред судот треба да дадат преостанатите двајца сведоци.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Апелациски му го одби барањето, Панчевски делел предмети рачно, Директорот на АВМУ Трајчевски тенденциозно етикетира медиуми...

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk