ОКОЛУ 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари за работниците, а не два милиони, објавува „Телма“ а се повикува на владини извори.
ДЕЛ од фирмите ги исплаќаат заостанатите плати од државната помош.
СВЕТСКА банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура за брз одговор и справување со КОВИД-19.
ФЕЈСБУК во партнерство со Метаморфозис и Вистиномер започна програма за проверка на факти во Северна Македонија.
ВО Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Света Софија во Истанбул.
ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски апелира низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење.
ВКУПНО 60.350 земјоделци досега поднеле барања за субвенции. Рокот за аплицирање истекува утре, на 31 јули.
ОПШТИНА Градско неделава почна со реализација на проектот за модернизирање на туристичкиот комплекс езеро „Подлес” со поставување на шест бетонски скари покрај постоечките летниковци на Подлешкото езеро.
КОМИСИЈАТА за заразни болести прифатила да го разгледа барањето на Независната угостителска комора (НУК) и на Здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) за укинување на забраната за организирање музички настани во угостителските објекти и да дозволи настап на естрадни уметници во угостителските објекти.
ИСТРАЖУВАЊЕ: Коронавирусот угинува во вода на собна температура за 72 часа, во хлорирана целосно ја губи одржливоста.
УНИЦЕФ: Ковид-19 ја засили детската сиромаштија во земјава.
СО мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции.
СКОПСКОТО обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојничка кражба, информираат од ОЈО Скопје.
ДЕЛЧЕВСКИТЕ пожарникари денеска добија нова заштитна опрема, донација од градоначалникот Горан Трајковски, а се доделува во насока на подобра заштита и безбедност при работа на пожарникарите.
Ј. Ѓ.