ТВ 21 објави дека по информациите кои се појавија во одредени портали дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за формирање коалиција и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да има премиер Албанец, телевизијата стапила во контакт со Бујар Османи од ДУИ.
Османи за телевизијата изјавил дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, а додава дека нема договор ни со СДСМ. Османи воедно посочи дека ДУИ не е извор на ваквите информации.