ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Свадба е голема – Ќе го ротирале Еленовски, еден ден ќе бил Албанец, другиот ден ќе се ротирал како Македонец?

August 6, 2020 12:52
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Доцна синоќа, така добро темпирано, „сериозни медиуми“ јавија дека ГОТОВО – постигнат е договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање на влада. Останувало уште Димче од Левица да се согласи, што нели е најмал проблем, па да се ујдиса работата. Малкуцка жалничко за оние трист-петшес илијади прелагани што гласаа за Левица како двајцата пратеници не им ги рачунаат како за „живи“, ама па не знам што можеа да очекуваат од Димче десно-лево диктаторче во обид и оној другиот кој никој име не му знае, но тоа е.

Види сега како, нели според „сериозните медиуми“, ја потаманиле Мицко и Ахмети целата ујдурма, за „голи преку вода“ да си ги пренесат сопствените гласачи, а воедно и да го заебат Заев:

Ахмети и Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика.

И не е првпат ДУИ и вмрото на Мицкоски да си жонглираат со потеклото од Лазе Еленовски користеќи го како општо прифатлив консензуален кандидат. Во 2014 година Али му го предлагал Лазе и на Грујо за консензуален претседателски кандидат, но тогаш вториот мандат на Ѓорге бил неприкосновено сигурен, па не испаднало ништо, а сега Али му го предлага Лазе на Мицко за премиер, а овој нема ништо сигурно во ракав како тогаш Грујо.

Како си го замислиле тоа Али и Мицко?

– Лазе Еленовски ќе бил ротирачкиот премиер, еден ден ќе бил Албанец, другиот ден ќе се ротирал како Македонец?

Ма, ГЕНИЈАЛНО!

И одма почнаа ора да се играат на социјалните мрежи. Ништо повеќе не им смета. Нит Преспански, нит договор со Бугарија нит Платформа, нит закон за јазици, нит Pse jo, ма одма сè едно, нема проблем, ска пробљем. Се слушаат урлици на силни лавовски патриотишта со истетовирани вергини и крстови на градите си честитаат, лом се прават од ќеф. На тоа враќаат и орелските патриотишта, конечно се враќаат старите јатаци, се гушкаат со лавовските, пукаат за нови тендери, за народ и отаџбину, она петарди, огномети, рафали, радости… шо да ви кажувам.

Се бараат изјави од Бујар. Овој зголемува драматика и првично вели немал коментар. Од кај Мицкоски ниту потврдуваат ниту демантираат. Тензијата расте, нормален народ е збунет, се прашува дали е можно ова. Има нови моменти, сега се надоврзуваат прогнози дека премиерското место ќе ротирало две години за ДУИ, две за вемерот. Други медиуми одат со варијантата прво за ДУИ една, па за вемерото 3. Еј замили, таква лакрдија од влада, претпоставуваат дека ќе додржи полн мандат. Е, тука ја прекардашија и со сценарио и со сценографија, а бога ми и со глумци.

Па си велев, го прашал ли некој Лазе што мисли за ова, или исто како и Димче ќе игра како што му свират, па што и да е…

Откако добро, онака неколку часа луфта, се закрчка, се јавува најверојатно куварот на оваа манџа и вели дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, а додава дека нема договор ни со СДСМ. Османи Бујар, рече дека ДУИ не е извор на ваквите информации.

И зедов си легнав. Не знам кога заспав, ама ми се мафтаа во мислите бајраци и ореводци бааѓи време, кои во ритамот на дождот што си крцкаше цела ноќ, правеа една смешна композиција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

May 10, 2025

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

May 10, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk