ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3.428 случаи

August 8, 2020 08:29
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до пет проценти од вкупниот број тестирани пациенти. Министерството за здравство вчера објави дека се регистрирани нови 155 случаи од 1 845 тестирања, како и дека починале две лица, а 127 оздравеле.

Како и во претходниот период и вчера најголемиот број новозаразени беа регистрирани во Скопје, вкупно 51 пациент, па Гостивар со 22, Кавадарци со 14, Штип со 13 и Куманово со 11 нови пациенти. Од оздравените, исто така најголем е бројот на тие од Скопје 40, по што следат Штип 22,  Куманово 17, по 10 во Ресен и Радовиш,  Прилеп шест, Гостиват пет, по двајца во Велес и Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 11 554,  бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.

Нови 10 пациенти со Ковид-19 вчера беа дијагностицирани и во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

– Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, потврди за МИА министерот за здравство, Венко Филипче.

Спорд директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушовска, ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција.

– Заболените се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со новите случаи, вкупно 17 пациенти се позитивни на Ковид-19, како и тројца вработени во болницата, изјави за МИА Петрушовска.

Од болницата преку соопштение информираа дека од вкупно 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца асимтоматски пациенти се префрлени за лекување во Ковид центарот во рамки на болницата Козле.

Министерот за здравство завчера во гостување на ТВ Канал 5, посочи дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус

– Се зголемува бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел тие со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга, како и да не се креираат листи на чекање. Ќе се инсталираат апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот,  најави Филипче.

Според него, за секој пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.

– Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. И анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од Ковид-19, кои се поставуваат на респираторна машина. Тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување. Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е – ќе кажам – медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности, додаде Филипче.

Next Post

Утрински преглед на вести: Албанците мора да имaат опција за опозиција, се крши мразот, штама во белата шампита...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk