После вчерашниот уште еден скандалозен Фејсбук статус на новопечениот пратеник Димитар Апасиев, од редовите на Левица, кој со пцости и се нафрли на Шекеринска, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов му порача да ги врати парите од СЈО и дека такви фашисти како Апасиев не и требаат на државава.
„Се моли Апасиев да иде во 300 СЈО и да ги врати парите народни што ги земаше од таму.
Такви фашисти, на државата не и требаат.“, напиша на ФБ Костадинов.
Вчера Димче Апасиев на својот Фејсбук профил напиша:
„Се моли ШЕЌЕРИНСКА да иде у пичку матер. Од Карпалак, па лево! #Министерка За Одбрана На УЧК“.
Еден од коментаторите вели дека не и е прв пат на Шекеринска да ја, како што вели, „раскубат“. Коментаторот очигледно алудира на крвавиот настани од 27 април кога беа тепани пратениците, а Шекеринска беше крајно насилно влечена за коса од напаѓачите и удирана со сталакт по глава.
Во моментот на објавување на овој текст, постот на Апасиев на Фејсбук има повеќе од 5.800 реакции и 197 споделувања.
Ова е еден само од низата пцовки и употреба на експлицитен говор на омраза со кој Апасиев сака да се наметне на политичката сцена. Пред неколку денови, Апасиев повторно со говор на омраза се закани:
„Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, напиша на ФБ Димче Апасиев.
Радмила Шеќеринска засега нема одговор на вулгарностите на Апасиев.
Ј. Ѓорѓиоски