ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пред школскиот праг, повторно се бира меѓу Венко и Жарко или Мицко и Наќе

Деновиве, родителите и целата јавност е соочена со уште една тешка дилема, дали одлуката да се отворат училиштата е добра за најмилите и најскапоцените – децата. Без дискусија, здравјето на децата е на прво место и со тоа не може и не смее да се калкулира или експериментира. Тешка е одлуката дали да се отворат училиштата, како во нашата, така и во секоја земја во светот зафатен од пандемијата...

August 9, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Дајте прво да резимираме накратко. Видовме сè и сешто до сега, од велигденски причестувања со едно лажиче за сите, ифтари, бајрамски прослави и литии, до партиски кафани, теретани, гушкања и причестувања, па на крајот и журки по плажи и клубови. Довербата во здравствените институции ја наруши самото МВР во периодот на пржинската влада, додека беше МВРО, под раководство на незаборавниот Наќе Чулев.

Сето тоа одеше во спрега со инфодемијата која ја придружуваше пандемијата, а која во земјава имаше партиски предзнак на десничарските и националистичките политички структури. Додека во политиката се водеше битка меѓу европската иднина и мрачното минато, на бојното поле со коронавирусот се судрија лекарите и спин мајсторите. Со тие остри контрасти ќе влеземе и во новата школска година.

Деновиве, родителите и целата јавност е соочена со уште една тешка дилема, дали одлуката да се отворат училиштата е добра за најмилите и најскапоцените – децата. Без дискусија, здравјето на децата е на прво место и со тоа не може и не смее да се калкулира или експериментира. Тешка е одлуката дали да се отворат училиштата, како во нашата, така и во секоја земја во светот зафатен од пандемијата…

Но како и во сите други области, особено кога се работи за пандемијата што ја придружуваше и инфодемијата (масовното ширење митови и лажни вести за коронавирусот), дел од луѓето се склони попрво да им веруваат на незнајковците што шират дезинформации и теории на заговорот, отколку на луѓето од науката. Секое колебање или разлики во ставовите и наодите на научниците и стручњаците се толкува како доказ за теориите на заговорот, што е апсолутно наивно и погрешно. Па и за Васина торта има еден рецепт, а се подготвува на толку начини колку што има готвачки и готвачи во светот!

Изгледа како на луѓето да им е поважна забавата со теориите на заговорот и лажните вести, отколку здодевните факти и насоки од стручњаците, па затоа и доброволно го жртвуваат својот мозок на олтарот на Глупоста, а со тоа му се препуштаат и на ризикот по сопственото и здравјето на другите. И сега, гледаме „високонаучни медицински“ толкувања на одлуката за отворање на училиштата што ги даваат дури и луѓе од наставниот кадар.

Во суштина, нема простор за прашањето дали да им се верува на здравствените институции и стручњаците за тоа дали треба или не треба да се отворат училиштата. Проблемот е колку можеме да им веруваме на образовните институции! Тие се производители на функционално неписмено население во земјава. Тоа се структури кои во времето на Груевски максимално се партизираа и попрво тераа партиска агенда во училниците, отколку да се грижат за образовно-воспитниот процес низ кој минуваат децата и младите.

Многу сериозно прашање е колку наставниот кадар во земјава е подготвен да се вклучи во рестартирањето на образовниот процес, со скратени часови, но интензивен надзор на децата за нивна здравствена заштита. Понатаму, прашање е колку се потковани наставниот кадар и стручните служби во училиштата за поддршка на децата кои ќе се соочат со психолошкиот притисок поради ограничувањата.

И на крајот родителите. Тоа се истите луѓе кои се придржувале или не се придржувале кон мерките, зависно од тоа дали одлучиле да им веруваат на Венко Филипче и Жарко Караџовски (двајцата се врвни доктори) или на Христијан Мицкоски (политичар и машинец) и Наќе Чулев (партиски шраф и полицаец).

Извесно е дека Филипче и Караџовски секојдневно, од прва рака, се запознаваат со светските искуства во менаџирањето со кризата. И самите споделуваат свои решенија и идеи на светско ниво, па соодветно на тоа ќе предлагаат и решенија за обновување на образовниот процес. Но, децата ќе се соочат со последиците од аматеризмот и инаетот на неодговорните политичари кои влијаеле негативно на нивните родители и на наставниот кадар. Тука лежи ризикот по здравјето на децата и сите останати, а не во одлуката на здравствените институции. Нашите здравствени работници го положија испитот! Покажаа дека знаат, сакаат и можат да се борат против коронавирусот. Нема зошто да не им веруваме и сега, во пресрет на новата школска година.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk