ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Континуиран пад на природниот прираст во земјава, лани повеќе починати отколку родени

August 9, 2020 17:49
in Uncategorized, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За 25 години природниот прираст во земјава се намалил од 15 736, на минус 601 лице, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 1994 година се родиле 15.736 лица повеќе од колку што умреле, а лани пак се родило 601 лице помалку отколку што умреле.

Податоците од публикацијата на ДЗС за Природно движење на населението во 2019 година, објавена пред една недела, покажуваат постојан пад на природниот прираст во последните 25 години. Ако во 1994 година тој бил 15772 лица, за пет години до 1998 година паднал на 10011 лица, односно се намалил за околу 5000. Од податоците се гледа дека во наредните години природниот прираст постепено се намалува за лани да биде негативен и да има повеќе умрени лица од родени.

Во овој период бројот на живородени се намалува од 31421 лице во 1994 година, на 19845 лани, што е намалување за околу 11 илјади родени. Во исто време, пак бројот на умрени се зголемил за околу 5000 лица, така што во 1994 имало 15649 умрени, а минатата година 20.446.

Прочитајте и…  Штрковите во Прилепско се подготвуваат да одлетаат на југ

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти
8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а најмало Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.
Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,5 години

Намалувањето на стапката на наталитет, според податоците на ДЗС објавени во „25 години независна Македонија”, меѓудругото, се должи и на таканаречениот темпо-ефект или одложување на раѓањата и склучување на брак на повозрасни години.

Прочитајте и…  Бејрут: Демонстрантите влегоа во зградата на МНР

Во периодот 1994- 2015 се бележи опаѓање на бројот на склучените бракови за 10 отсто, но во исто време имаме и зголемување на бројот на разводи, од 39 на 155 разведени бракови на 1000 склучени.

Просечната возраст при склучување прв брак на невестата е зголемена од 22.9 години во 1994 на 26.2 години во 2015 година, додека просечната возраст на младоженецот бележи зголемување од 26.0 на 29.0 години.

Од бројот на живородени, минатата година, најголем дел биле родени од мајки на возраст од 20 до 29 години – 10.332, и од мајки на возраст од 30 до 39 – 8119 деца.

Според ДЗС, со промените во општественоекономското живеење во Република Македонија, во периодот 1994-2015 година се забележуваат и промени во просечната возраст на мајката при првите раѓања која се зголемува за 3.5 години, т.е. од 23.5 години во 1994 година, на 27.0 години во 2015 година. Во 2015 година, според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.5 отсто, се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години.

Прочитајте и…  Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас

Ваквите показатели на раѓање и умирање укажуваат на трендот на стареење на населението кој е присутен во светски рамки, а се забележува и земајава.

Во периодот од 1994 до 2015 година, учеството на населението на возраст од 0 до 14 години е намалено од 20.2 отсто на 16.7 отсто, а учеството на населението на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 11.7 отсто на 12.8 отсто.

Во 1994 година стари над 65 години имало околу 160 илјади, а во 2015 околу 260 илјади. Бројот на млади до 14 години, пак, е во постојан пад. Во 1994 година бројот на млади е близу 500 илјади, а во 2015 околу 350 илјади, покажуваат податоците од илустрацијата на Државниот завод за статистика, објавена во публикацијата „25 години независна Македонија”.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Д-р Стојанов за Слободен печат: Во паника се кога ќе кренат температура, а мерките не се почитуваат!

НАЈНОВО

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат заради лагите и манипулациите

October 11, 2025

ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

October 11, 2025
ФОТО: Твитер

Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

October 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk