Љупчо Николовски, генсек на СДСМ, се приклучува кон напорите да се укинат привилегиите на функционерите, иницијатива што ја започнаа ЦИВИЛ и група граѓанки и граѓани во мај оваа година.
Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели. Очекувам дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. Уште повеќе, се откажав од функцијата и од сите привилегии. За граѓаните да се пред сите нас. Затоа сум за кратење на бенефиции на избраните и именувани лица. Со пример да покажеме! #заГраѓаните
– напиша Николовски на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2500214773533380
За Иницијативата #КрајЗаРасипништвото прочитајте на ЦИВИЛ Медиа:
https://civilmedia.mk/onlajn-petitsija-na-tsivil-za-ukinuvane-na-privilegiite-na-funktsionerite/