ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Италија објавени упатства во случај на зараза во училиште

Засега останува во сила одлуката, која беше критикувана, дека маските се задолжителни за деца постари од шест години кога престојуваат во затворен простор и кога седат на маса каде не е можно растојание од најмалку еден метар. 

August 29, 2020 18:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе милиони ученици во Италија ќе се вратат во училиштата на 14 септември, кога започнува новата учебна година во земјата, а италијанските здравствени власти воспоставија правила за спречување на ширење на Ковид-19, стравувајќи од нов бран зараза во есен.

Враќањето на децата во училиште за време на пандемија е важен чекор за Италија, првата европска земја што воведе строги мерки за карантин на целата територија на почетокот на март поради коронавирусот, и по околу три месеци постепено излезе од блокадата.

Италијанското Министерство за здравство и Високиот институт за здравство објавија упатства за спречување на ширење на коронавирусот, од идентификација на заразени ученици или наставници, до карантин.

Едно од правилата е семејството да ја проверува телесната температурата на детето секој ден пред да оди на училиште.

Доколку во училиштето постои сомневање дека ученик е заразен, се препорачува возрасно лице со хируршка маска на лицето да го изолира во одреден простор каде што ќе ги чека родителите, кои се предупредени откако ќе дојдат дома што е можно побрзо да контактираат со педијатар или матичен лекар кој ќе одлучи дали е неопходен тест за Ковид-19.

Ако тестот за Ковид-19 е позитивен, потребно е да се идентификуваат контактите и да се преземат соодветни мерки, вклучително и карантин за соученици, наставници и други кои спаѓаат во блиски контакти.
Еден позитивен случај, сепак, нема да доведе до затворање на институцијата, туку одлука ќе се донесе врз основа на бројот на потврдени случаи.

Доколку се појават симптоми кај наставници и други работници во училиштето, се очекува да се вратат дома и да се јават кај доктор.

Засега останува во сила одлуката, која беше критикувана, дека маските се задолжителни за деца постари од шест години кога престојуваат во затворен простор и кога седат на маса каде не е можно растојание од најмалку еден метар.

Next Post

На Маурициус протест против помор на делфини и излевање на нафта

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk