ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Парламентарни избори во Црна Гора

August 30, 2020 10:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори на кои учествуваат шест коалиции и шест политички партии.

Според избирачкиот список што го објави Државната изборна комисија, во Црна Гора право на глас имаат 540.026 граѓани кои избираат 81 член на црногорскиот Парламент.

На денешните избори, единаесетти од воведувањето на повеќепартиски систем во Црна Гора и петти по осамостојувањето од Државната заедница на Србија и Црна Гора, се одржуваат и локални избори во неколку општини – Котор, Будва, Тиват, Андријевица и Гусиње.

Изборите се одржуваат во согласност со препораките на Националното координативно тело за инфективни болести, поради епидемијата на коронавирусот.

Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) учествува во коалиција со Либералната партија, а листата наречена „Одлучно за Црна Гора! ДПС – Мило Ѓукановиќ“ ја предводи заменик-претседателот на партијата, Душко Марковиќ.

Водечките опозициски партии се поделени во два табори.

Во коалицијата „За иднината на Црна Гора“ се Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија, Работничката партија, Вистинска Црна Гора, Обединета Црна Гора и непартиски личности, а носител на листата е Здравко Кривокапиќ, професор на Машинскиот факултет.

Коалицијата составена од Демократите, Демос, Партијата на пензионери инвалиди, Граѓанското движење Нова левица и Здружението за истражување на политика и политичка теорија на изборите учествуваат под слоганот „Мирот е нашата нација“. Прв на листата е претседателот на демократите, Алекса Бечиќ.

Албанските партии настапуваат одделно – Албанската коалиција, која ја сочинуваат Демократскиот форум, Форца, Граѓанското движење Перспектива и Унијата на Тузи, ќе учествуваат на изборите со листата „Сега е време“, а прв на листата е Ник Ѓељошај. Демократската унија на Албанците, Демократската партија и Демократскиот сојуз во Црна Гора се членови на албанската коалиција „Едногласно“, а носител на листата е Фатмир Ѓека.

Бошњачката партија на изборите учествува под слоганот „Бошњачка партија – правилно – Рафет Хусовиќ“, а прв на листата е пратеникот Ервин Ибрахимовиќ.

За првпат, и Хрватите настапуваат во два табори. Хрватската граѓанска иницијатива ја предаде листата „ХГИ. Со цело срце за Црна Гора!“, на чие чело е претседателот на партијата Адријан Вуксановиќ.

Другата е Хрватската реформска партија, а носител на листата е директорот на аеродромот Тиват, Радован Мариќ.

Социјалдемократите ги предводи претседателот на партијата, Иван Брајовиќ, а нејзиниот слоган е „Социјалдемократи – Иван Брајовиќ – Ние одлучуваме ДОСЛЕДНО“.

Социјалдемократската партија учествува самостојно на изборите под слоганот „Силна Црна Гора“, а листата ја предводи претседателот Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.

Коалицијата, собрана околу платформата „Црно на бело“, се состои од Граѓанското движење УРА, Граѓанскиот сојуз ЦИВИС, Бокешкиот форум, Партијата за правда и помирување и независни интелектуалци. Лидерот на ГД УРА, Дритан Абазовиќ, е носител на листата.

Next Post

Арсенал го освои Суперкупот на ФА победувајќи го Ливерпул на пенали

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk