Милка Смилевска од телевизијата Ал Џезеира на својот профил на Фејсбук сподели за инцидент кој се случил додека земала изјава на протестот организиран од опозициската ДПМНЕ против поскапувањето на струјата. Имено, според напишаното, најпрво од еден од присутните биле прашани од кој медиум се, по што на новинарката ѝ бил бутнат микрофонот од раце. Сторителот бил приведен од полициски службеник, но одбивал да се легитимира.
„Дечкото на првото видео што го пријавив на полицаецот, нѐ нападна со колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава, претходно ме праша дали сум од Ал Џезеира и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам.
На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе полицаецот не сакаше да се легитимира. Нема потреба од агресија, борбата треба да е со аргументи и дела. Демократијата значи и различни медиуми, ако некој не ви се допаѓа и не го гледате и читате, не го напаѓајте физички“, напиша Смилевска во објавата.
Д. Е.







