ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Франција најголем добитник од одлуката на Грција за набавка на воени авиони

September 13, 2020 09:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави набавка на воени авиони и опрема, а најголем добитник од од оваа програма, ќе биде Франција, со оглед дека Атина планира да купи 18 борбени авиони од типот Рафал, јави дописникот на МИА.

Мицотакис рече дека Грција ќе набави 18 борбени авиони „Рафал“ од француско производство, како и четири фрегати и четири поморски хеликоптери, ќе регрутира 15.000 дополнителни војници и дека понатаму ќе ја финансира својата одбранбена индустрија. Програмата вклучува и реновирање на четири фрегати и набавка на противтенковски оружја, торпеда и ракети, додаде тој.

-Оваа најава ги зајакнува исклучителните односи што ги имаме со Грција речиси половина век и им благодарам на грчките власти за довербата што уште еднаш ни ја укажаа, рече Ерик Трапиер, претседател и извршен директор на Дасо авијација, која ги изработува авионите Рафал.

-Дасо авијацијата е целосно мобилизирана за да ги исполни оперативните потреби изразени од грчките воздухопловни сили и со тоа да помогне да се обезбеди суверенитетот на Грција и безбедноста на грчкиот народ, додаде тој.

Од своја страна, Флоренс Парли, француската министерката за вооружени сили, изрази воодушевување преку Твитер, квалификувајќи го изборот на Грција како „одлична вест за француската аеронаутичка индустрија“. „Резултат на извозната политика што убедливо ја водам од 2017 година“, коментира таа понатаму.

-Оваа објава е успех за француската аеронаутичка индустрија, особено Дасо Авијација, како и другите француски индустриски играчи, а особено многуте мали и средни претпријатија вклучени во изработката на Рафал, додаде таа во соопштението за печатот.

Турција и Грција, обете членки на НАТО, се расправаат над нафтените полиња на истокот на Средоземното Море, во област за која Атина смета дека е под нејзин суверенитет. Тензиите меѓу двете земји ескалираа кога Турција на 10 август испрати брод за сеизмички преглед придружуван од воени бродови во водите што ги смета дека се свои, што ја натера Атина да започне поморски маневри , особено со поддршка на Франција.

Првиот лет „Рафал“ беше на 4 јули 1986 година во Истр (Буш-ду-Рон). Се користи од страна на француската морнарица од 2004 година и воздухопловните сили од 2006 година и тој замени седум видови борбени авиони од претходните генерации. Способен за извршување на различни мисии за време на истиот лет, Рафал е квалификуван за воздушна одбрана, стратешко бомбардирање и копнена поддршка, борба против бродови и операции за воздушно извидување. Тоа е исто така вектор на француско воздушно нуклеарно спречување.

Next Post

Приведени новинари и демонстранти во Белорусија, илјадници луѓе на протести во Минск

Shortcut

Најново

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk