Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно. Тоа на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1000 гласови разлика на последните избори, пишува на профилите на социјалните мрежи на премиерот Зоран Заев.
Ваквата реакција на премиероот се должи на најавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека следниот протест кој ќе се одржи во вторник, ќе започне од мостот Гоце Делчев, и го спомена револуционерот во повикот кон граѓаните.
„Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови, вели Мицкоски! Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат“, рече Мицкоски.
Премиерот Зоран Заев пред неколку денови, во интервјуто за МТВ, во однос на прашањето за Гоце Делчев, повтори дека ќе се изнајде решение бидејќи тоа нè обврзува договорот.
„Ние треба да ги помогнеме процесите. Oва прашање е билатерално и не може да биде на ниво на Европската Унија, тоа е надвор од сите вредности на ЕУ. Македонците мора да водат грижа за Бугарите и обратно. Верувам дека ќе имаме успешни преговори. Ќе треба да се најде заедничко решение. Треба да бидеме свесни, дека не може да кажеме дека Гоце Делчев не е наш, треба да видиме како тој заеднички не спојува“, вели Заев.
Тој додаде дека ако било кој постигне договор со кој само една страна добива, тогаш не постои иднина.
И.Т.З.