ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манчевски: За 60% ги намаливме трошоците на функционерите

September 14, 2020 21:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, во вечерашното гостување на Топ Тема на Телевизија Телма порача Владата предводена од СДСМ дека во овие 3 години покажала одговорност кон парите на граѓаните и дека трошоците на избраните и именуваните функционери се значително намалени.

– Ние, во СДСМ, започнавме една сериозна реформа што ја нарековме одвојување на партијата од државата и воведовме серија ограничувања за избраните и именуваните функционери, во однос на користење службени возила, надоместоци за комисии и слично кои во 2016 година беа огромни а сега се спуштени за 60 отсто, порача Манчевски.

Тој додаде дека популистичките предлози кои доаѓаат од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да направат никаква суштинска разлика и граѓаните од нив нема да видат конкретни придобивки.

– Популистички предлози нема да им помогнат на граѓаните, ајде да ги поддржиме реформите кои ги почнавме и со кои намаливме над 60% од трошоците за функционерите, порача потпретседателот Манчевски во вечерашното гостување во Топ Тема на Телевизија Телма.

Манчевски порача дека правото на протест е легитимно за секој граѓанин, за секоја опозиција, но протестите што периодов ги прави ВМРО-ДПМНЕ се само за вантрешна употреба на раководствот на партијата.

– Ние само што имавме избори пред два месеци и само што го конституиравме новиот собраниски состав. Мислам дека овие протести се само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата е јавно изложено со барања за промени и конгрес и нормално е тоа, по секои избори особено по изборен пораз да барате доверба од членството. Последниот протест им беше најавен како борба против сиромаштија, а протестира со скапи со луксузни автомобили. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие, масовното богатење на нивни партиски фукционери.Таквиот протест беше ексклузивен партиски настан на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот Манчевски посочи дека деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и во Собранието.

– ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието сакаше да го блокира изборот на работните тела на Собранието заради барање за Одлука за формирање на комисиите иако претходно на координација сте се согласиле со истата одлука и при тоа што е најинтересно, немавме никаков алтернативен предлог, тоа беше само обид за блокада на Собранието, заклучи Манчевски./МИА/

Next Post

Спасени најмалку 30 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Крит

НАЈНОВО

Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025
Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk